Friday, January 13, 2017

ЖОЛТО ЕЖЕ - ( Hydnum repandum )

Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот се наоѓа надолната страна од шапката и се состои од иглички.
Шапката е широка од 5 до 15 сантиметри, на почетокот испупчена, а потоа плосната со брановиден или подигнат раб, со светло или темно
жолта боја која подоцна побледува до нечисто бела боја. Површината е кадифена. Игличките се густи, тенки, соразлична должина, групирани, кршливи, се спуштаат по дршката, на почетокот со белузлава, а потоа со жолтеникава боја. 
Дршката е куса, цврста, полна, цилиндрична, мазна, со боја иста како и на шапката или благо посветла; 5 – 8 сантиметри долга, 1 – 3 сантиметри широка, често ексцентрично поставена. Месото е кршливо, има бледо жолта боја и е со пријатен мирис и вкус; игличките се горчливи. Старите плодни тела се, исто така, горчливи. 
Живеалиште: Расте во листопадни и во зимзелени шуми; Плодните тела се појавуваат во групи, а ретко поединечно.

No comments:

Post a Comment