Friday, January 13, 2017

ВРГАЊ - (boletus edulis)

Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот е составен од
цевчиња и се наоѓа на долната страна од шапката.
Шапката има пречник од 5 до 30 сантиметри
или поголема. Полукружна е, потоа испупчена и на крајот плосната, но никогаш вдлабната. 
Површината е светкава и малку леплива. Опсегот на боите се движи од кремова, портокалово-црвена, розеникава до костенлива, па дури и потемна.
Цевчињата се 8 - 30 mm долги, имаат сунѓересто ткиво, прават каналче околу дршката и лесно се одвојуваат од месото на шапката. Во текот на растот цевчињата ја менуваат својата боја. Тие се прво бели потоа жолти и на крајот се зелени. Цевчињата завршуваат со пори (мали отвори) со иста боја кои стојат затворени подолг период, заоблени и аглести. Цевчињата и порите не ја менуваат бојата на притисок.
Дршка: 5 – 20 сантиметри висока, 2 – 7 санти- метри широка како буренце, потоа цилиндрична,  цврста, бела до светло-кафеавa со белузлава мрежа која е делумно видлива во горниот дел од дршката.
Месото е цврсто, а подоцна станува помеко, бело до белузлаво, со пријатен мирис (како орев) со типичен вкус. Шапката не менува боја кога ќе се пресече.
Живеалиште: расте во шуми и е во микориза со дрвјата. Плодните тела се јавуваат на површината 30 од земјата и растат поединечно или во групи.

No comments:

Post a Comment