Friday, January 13, 2017

ЖОЛТО ЕЖЕ - ( Hydnum repandum )

Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот се наоѓа надолната страна од шапката и се состои од иглички.
Шапката е широка од 5 до 15 сантиметри, на почетокот испупчена, а потоа плосната со брановиден или подигнат раб, со светло или темно
жолта боја која подоцна побледува до нечисто бела боја. Површината е кадифена. Игличките се густи, тенки, соразлична должина, групирани, кршливи, се спуштаат по дршката, на почетокот со белузлава, а потоа со жолтеникава боја. 
Дршката е куса, цврста, полна, цилиндрична, мазна, со боја иста како и на шапката или благо посветла; 5 – 8 сантиметри долга, 1 – 3 сантиметри широка, често ексцентрично поставена. Месото е кршливо, има бледо жолта боја и е со пријатен мирис и вкус; игличките се горчливи. Старите плодни тела се, исто така, горчливи. 
Живеалиште: Расте во листопадни и во зимзелени шуми; Плодните тела се појавуваат во групи, а ретко поединечно.

ЦРНА ТРУБА - ( Craterellus cornucopioides )

Опис на видот:
Плодното тело има форма на длабока инка со шуплина завиткана во ролна
со брановиден раб. Празнината оди до дното на плодното тело, па потсетува на труба или на рог. Кога се зрели, плодните тела се широки од 3 до 8 сантиметри, високи од 5 до 12 сантиметри, а внатрешната површина е сиво-кафеaвa, црно- кафеaвa или скоро црна, со ситни лушпи.
Хименофорот е брановидна и набрчкна, ретко целосно мазна површина, без жилички или ливчиња, кадифена, гола со сива до сина или виолетово–сина боја.
Месото е тенко, 1 - 2 mm дебело, релативно еластично, темно сино, со пријатен мирис и благ вкус.
Живеалиште: Расте во листопадни, мешани и поретко во зимзелени шуми. Честа е во дабови и букови шуми. Микоризен вид е, расте во групи и плодните тела се јавуваат на површината на земјата.

КОНУСНА СМРЧКА - ( Morchella conica )

Опис на видот:
Плодното тело се состои од шапка и од дршка.
Шапката е висока од 3 до 10 сантиметри, 2 - 5 сантиметри широка, овална и тапа на врвот. Од врвот на шапката кон дното се спуштаат ребра кои се попречно преградени и создаваат јами, па целата површина потсетува на пчелино саќе. Ребрата се сиви до црно-кафеави, а јамите се посветли. Шапката е поврзана со дршката преку овална мембрана.
Дршката е висока од 2 до 6 сантиметри и широка 2-3 сантиметри, цилиндрична со нечисто бела боја, малку збрчкана и зрнеста. И шапката и дршката се шупливи.
Месото е тенко, крцкаво, белузлаво, без мирис и со благ вкус.
Живеалиште:
Расте во листопадни и во зимзелени шуми, покрај шумски патишта на различни остатоци (гнили јаболка, распаднати картонски кутии итн) Расте во помали групи, поретко поединечно. 

РУЈНИЦА - (luteus)

Опис на видот:
Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот е изграден од ливчиња и се наоѓа на долната страна од шапката.
Шапката е широка од 5 до 15 сантиметри, испупчена во младоста, а потоа добива инкаста форма со раб кој е изразито подвиткан. При влажно време површината е покриена со тенок, леплив слој. Горната површина е со светло портокалова до розовкаста боја со концентрични зони. Бојата може да биде зеленикава и тоа најмногу на рабовите. Зоните може да бидат искажани во вид на потемни дамки, без карактеристичен сјај.
Ливчињата се густи, се спуштаат или се сраснати за дршката и на притисок стануваат зелени; при повреда тие произведуваат пороткалов сок (како морков) кој полека позеленува.
Дршката е висока од 3 до 7 сантиметри и 1,5- 2,5 сантиметри широка, цилиндрична и потенка кон дното со портокалова боја, шуплива со остро ограничени или овални вдлабнувања. Месото е белузлаво (жолтеникаво во шапката); произведува портокалово млеко (како морков), кое станува сиво-зелено кога одредено време се изложува на воздух; вкусот е горчлив, а мириса на овошје.
Живеалиште:
Расте во зимзелени шуми, вообичаено под борови, најчесто на варовничка почва.

ЛИСИЧАРКА - (cantharellus edulis)


Опис на видот:
Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот е сместен на
внатрешната страна од шапката во вид на надолжни ребра или жили кои се спуштаат по дршката. 
Шапката е широка од 3 до 12 сантиметри. Кај незрелите примероци е испупчена, а подоцна ста-нува вдлабната со многу неправилен брановиден раб, слабо жолтеникава до портокалово-жолтеникава. Површината ѝе сува и без сјај. 
Ливчиња: Овој вид нема вистински ливчиња, туку хименофорот е во вид на ребра или жилички со заоблени и тапи рабови. Тие се многу тесни, до 3 мм широки, изразено раздвоени и се симнуваат по дршката. Нивната боја е посветла од бојата на чадорчето.
Дршка: 2-3 см висока, 0,5 – 1 сантиметри широка. Таа е цилиндрична и потесна кон основата. Дршкатаеполна (неешуплива), нејзинатаповршина е повеќе или помалку мазна, сува, нејзината боја е иста како чадорчето или малку посветла. 
Месото е цврсто, белузлаво до жолтеникаво, со пријатен мирис (како праска), а вкусот е благ до
благо лут. 
Живеалиште: Овој вид е микоризен и расте во листопадни и зимзелени шуми. Плодното тело се јавува на површината од земјата, расте најчесто во групи, а поретко поединечно.

ВРГАЊ - (boletus edulis)

Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот е составен од
цевчиња и се наоѓа на долната страна од шапката.
Шапката има пречник од 5 до 30 сантиметри
или поголема. Полукружна е, потоа испупчена и на крајот плосната, но никогаш вдлабната. 
Површината е светкава и малку леплива. Опсегот на боите се движи од кремова, портокалово-црвена, розеникава до костенлива, па дури и потемна.
Цевчињата се 8 - 30 mm долги, имаат сунѓересто ткиво, прават каналче околу дршката и лесно се одвојуваат од месото на шапката. Во текот на растот цевчињата ја менуваат својата боја. Тие се прво бели потоа жолти и на крајот се зелени. Цевчињата завршуваат со пори (мали отвори) со иста боја кои стојат затворени подолг период, заоблени и аглести. Цевчињата и порите не ја менуваат бојата на притисок.
Дршка: 5 – 20 сантиметри висока, 2 – 7 санти- метри широка како буренце, потоа цилиндрична,  цврста, бела до светло-кафеавa со белузлава мрежа која е делумно видлива во горниот дел од дршката.
Месото е цврсто, а подоцна станува помеко, бело до белузлаво, со пријатен мирис (како орев) со типичен вкус. Шапката не менува боја кога ќе се пресече.
Живеалиште: расте во шуми и е во микориза со дрвјата. Плодните тела се јавуваат на површината 30 од земјата и растат поединечно или во групи.